Мората: Меси е незапирлив, ако сакаме добар резултат мора…

mesi

Шпанскиот напаѓач, Алваро Мората кој сезона се бори за да се докаже во премиерлигашот Челси ги предупреди своите соиграчи за Лионел Меси и се обиде да посочи како неговиот тим може да дојде до поволен резултат против Барселона во осминафиналето на Лигата на шампионите.

Мората во својата кариера како член на Јувентус и Реал Мадрид се има соочено со Барса и Меси, па за „Мовистар Плус“ напаѓачот јасно и конретно порача:

-Меси не може да се запре. Ако сакаме да дојдеме до добар резултат мораме да играме дефанзивно и да бараме простор, да се обидеме да им досадуваме колку што може повеќе, -истакнал Мората.

Првото полувреме од битпата меѓу „сините“ и каталонците е наредната седмица на „Стемфорд Бриџ“.

Facebook Коментари