Поврзете се со нас

Италија

Мората: Ќе изгинеме на терен и нема да се откажеме од Скудетото

Објавено

на

blank

Тимот на Јувентус дојде до трите бода во пресметката со Специја што секако беше повеќе од потребно пред дербито со Лацио кое е на програмата овој викенд.

„Старата дама“ трите гола ги даде во второто полувреме, па сега дојде на минус седум во однос на лидерот Интер. Во Торино се свесни дека ќе биде тешко да се дојде до врвот, ама имаат намера да се борат до самиот крај.

-Ова не е лесна сезона: играме на секои три дена и имаме важни играчи кои не се достапни. Нема изговори, но сепак постојат многу бодови во прашање: оние што не веруваат во нас, не го вклучуваат телевизорот и не ги гледаат нашите натпревари. Работиме за да победиме.

-Ако не победиме, тогаш ќе им честитаме на победниците, но прво ќе умреме на теренот и тие ќе мора да ни кажат дека нема повеќе бодови за освојување. Сè додека има шанса, ќе се бориме до крај, -истакна Мората.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни