Италија
Мората ја минал ноќта во болница во Милано
Алваро Мората може да го пропушти дуелот со Калјари, бидејќи последната ноќ ја поминал во болница во Милано.
Напаѓачот на Милан заработил сериозен удар по воздушен судир со соиграч на тренинг на „росонерите“ и итно бил префрлен во болница за да бидат направени комплетни прегледи.
За среќа, шпанскиот фудбалер минал без последици од силниот удар, но клубот и лекарскиот тим се договориле тој да остане во болница барем до денеска, кога ќе биде појасно кога ќе може да продолжи со извршување на своите професионални обврски.
Милан веќе утре се среќава со Калјари, па неговото патување на Сардинија засега е неизвесно.
Проблемот на Мората веројатно нема да биде причина тој да ги пропушти следните натпревари на шпанската репрезентација, нешто што треба да биде потврдено од селекторот Луис де ла Фуенте во текот на денешниот ден.
-
Шпанија17 часа
Мијатовиќ за ситуацијата во Реал: Анчелоти мора да испрати некого „по ѓаволите“
-
Формула 117 часа
Расел му одговори на Ферстапен, Макс повтори дека е шокиран од случувањата во Катар
-
Свет16 часа
Ван дер Варт го нарече себичен, Роналдо му одговори брутално на социјалните мрежи (Фото)
-
НБА19 часа
Јокиќ испорача трипл-дабл за историја, Денвер не успеа да му парира на Кливленд
-
Англија20 часа
Постекоглу имаше непријатно соочување со фановите на Тотенхем по новиот пораз, па го искоментира инцидентот (Видео)
-
Лига на шампиони19 часа
Дибиров стигна до второто место на вечната листа, реализираше атрактивно во историската ноќ (Видео)
-
Италија18 часа
Бове ќе му се врати на фудбалот, но ќе мора да ја напушти Италија
-
Шпанија14 часа
Деко имал важен состанок, Барселона се приближила до посакуван дефанзивец