Шпанија
Мората го продолжил договорот со Атлетико

Атлетико Мадрид и агентите на Алваро Мората брзо ги дефинирале условите за продолжување на соработката и напаѓачот сега има договор со важност до 2026 година.
„АС“ денеска објави дека веќе се потврдени најавите дека Мората има гарантирана иднина во мадридскиот клуб, односно клубот со продолжувањето на договорот навестува дека е задоволен од неговите настапи и очекува напаѓачот да остане уште неколку години.
Како што пренесува „АС“, Атлетико и тренерот Диего Симеоне се убедени дека на пазарот нема многу подобри напаѓачи од Мората и затоа не планираат да се откажат од неговите услуги.
Јувентус и Милан постојано се заинтересирани за Мората, а тоа посебно важи за составот од Торино во чии редови Шпанецот настапуваше во два периода и чиј тренер Макс Алегри посебно го цени овој фудбалер.
Во веќе завршената сезона, Мората одигра 44 натпревари и постигна 15 погодоци за Атлети, одигрувајќи 2490 минути.
-
Англијапред 22 часа
Кин го советува отпишаниот Санчо: Постои само еден начин да си ја спаси кариерата во Јунајтед
-
Шпанијапред 22 часа
Историја во Ла Лига: Малиот каталонски клуб за првпат на врвот, во следното коло ќе го брани првото место против Реал! (Фото)
-
Балканпред 10 часа
Ден за историја: Регионалните гиганти Партизан и Хајдук објавија рекордни бројки
-
НБАпред 23 часа
Лилард ја потврди големата „НБА бомба“ за која зборува цела Америка (Фото)
-
Англијапред 22 часа
Гвардиола брутален по елиминацијата: Не сакам да губам енергија на ова натпреварување
-
Шпанијапред 21 час
Барселона обвинета за корупција, двајца претседатели завршија на суд
-
Шпанијапред 19 часа
Анти-фудбалот донесе неверојатна тензија во Билбао, Ињаки влезе во жесток клинч со противничкиот тренер (Видео)
-
Шпанијапред 23 часа
Анчелоти откако Белингам првпат остана без минутажа на теренот: Џуд ми ја олесни работата