Поврзете се со нас

Свет

Мората го постигна првиот гол во Турција, противниците креираа скандал и го напуштија теренот (Виео)

Објавено

на

Foto:x.com/Galatasaray

Натпреварот меѓу Галатасарај и Адана Демирсор не го дочека својот крај, но оваа средба најмногу ќе се памети по скандалот во фудбалска Турција, бидејќи гостинските играчи решија да излезат од теренот во знак на протестна нота кон судиите и луѓето во ВАР собата.

Галатасарај поведе со голот на Алваро Мората кој пристигна после непостоечки пенал, а оваа ситуација до толку ги разбесни гостите, кои иако во прв момент продолжија да играат, во продолжение беа извадени од терен од техничкиот директор на клубот.

Мустафа Алпер Авчи им нареди на своите фудбалери да излезат од теренот по 32. минути игра и се погрижи за сцена која ретко се гледа во фудбалот, па така натпреварот беше прекинат и сега ќе се чека одлука од дисциплинската комисија во Турција.

– Нашата реакција не се однесува против Галатасарај, нашата реакција е искажан револт кон судискиот систем во фудбалска Турција, – изјавил Метин Коркмаз, директорот на Адана Демирспорт за присутните новинари.

Овој скандал брзо прерасна во топ тема во Турција и ќе се чека разрешница од страна на Фубалската Федерација, која за очекување е да додели службена победа за Галатасарај со резултат 3:0.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни