Поврзете се со нас

Шпанија

Мората го напушти теренот со солзи во очите, па денеска дочека убава шанса да им одговори на хејтерите (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/Atleti

Атлетико Мадрид загуби на гостувањето на „Рамон Санчес Писхуан“ од Севилја со 1:0 и полека се откажа од борбата за титулата во Ла Лига, но доста полоша вест за Диего Симеоне беше повредата на Алваро Мората.

Шпанскиот напаѓач се пожали на силни болки во коленото и со солзи во очите го напушти теренот, па многумина почнаа да стравуваат дека станува збор за најлошото, односно кинење на преден вкрстен лигамент.

Мората доби безброј пораки од навивачите на Атлетико кои сочувствуваа со неговата болка и искажаните емоции, но имаше и такви кои му фаќаа сеир и преку социјалните мрежи се исмеваа дека ќе го пропушти Европското првенство.

Ова попладне, Атлетико излезе со соопштение дека повредата не е од сериозен карактер и дека Мората ќе паузира само три седмици, по што Мората доби добра шанса да м одговори на сите хејтери.

– Благодарение на Бог не станува збор за ништо сериозно. Многу ви благодарам на оние кои испративте позитивни пораки, а за останатите ќе го кажам следново: Се надевам дека покажаната омраза ќе ви донесе среќа во животот како што беше случајот со мене. Набрзо се враќам, – порача Мората.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни