Шпанија
Мората е најефективен напаѓач во Топ 5 европските лиги

Алваро Мората е главен виновник за одличниот офанзивен ефект на Атлетико Мадрид сезонава, а статистиката вели дека е и најефективен напаѓач во најквалитетните пет европски лиги.
„ОПТА“ го пресметала процентот на постигнати голови од упатените удари на сите фудбалери, при што шпанскиот репрезентативец има најдобар просек.
Мората претворил во гол 43,75% од упатените удари кон противничките голови и е единствен фудбалер со резултат од над 40 проценти во овој статистички показател.
Втор на листата е членот на Волфзбург, Јонас Винд со 38,1 проценти, а интересно, на петтото место е Џуд Белингам со реализација од 32 проценти.
Хари Кејн е нешто подобар со ефективност од 33,33 проценти, Килијан Мбапе е на само 25 проценти, додека Ерлинг Халанд засега има лош просек и претворил во гол само 17,78% од упатените удари.
Мората покрај водството овој статистички показател, може да се пофали и како најефикасен европски напаѓач од почетокот на сезоната и поради вкупно десетте гола кои ги реализираше за клубот и репрезентацијата.
-
Германијапред 16 часа
Нереален автогол: Голман на Хамбургер со „мајсторија“ која ќе ја памети до крајот на животот (ВИДЕО)
-
Италијапред 24 часа
Малдини откри како бил отпуштен од Милан и распали по првиот човек на клубот
-
Шпанијапред 18 часа
Анчелоти го спореди Белингем со бразилска легенда: Изненаден сум од него…
-
Англијапред 16 часа
Гвардиола воодушевен од тренерот на Тотенхем: Тој го прави фудбалот подобро место, уживам да ги гледам
-
Европски првенствапред 22 часа
Лазаров повика 35 ракометари на поширокиот список, има и едно изненадување (Фото)
-
Светпред 15 часа
Митровиќ и Милинковиќ-Савиќ го потопија Ал Наср на Роналдо (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 18 часа
Гризман и Саул имаа провокативни изјави, Жоао Феликс им одговори (ВИДЕО)
-
Англијапред 15 часа
Карагер: Само еден тим е подобар од Арсенал во ЛШ