Поврзете се со нас

Шпанија

Мората е голема ѕвезда, но не заборава од каде почна: Здогледа татко на екс соиграч и покажа класа (Видео)

Објавено

на

Сите шпански тимови се вратија на тренинзите и веќе напорно се подготвуваат за рестартот на сезоната кој е закажан за 11-ти овој месец, па поради тоа, сликата со насобраните новинари пред тренинг центрите повторно стана реалност.

Угледниот мадридски весник „АС“ преку својот објектив одлучи да сподели една интересна случка од последниот тренинг на Атлетико Мадрид, во која во главна улога се најде Алваро Мората.

Напаѓачот комплетно ја санираше повредата на мускулот за време на корона паузата, па сега е редовен на тренинзите и тренира со полн интензитет.

Сепак, денеска го привлече вниманието со симпатичниот момент кој го имаше пред излезот од тренинг центарот, кога ја покажа својата срдечност со таткото на еден негов екс соиграч од младинската школа.

Иако девојката задолжена за обезбедување сакаше да ја прекине блиската средба, Мората застана и не само што комуницираше со повозрасниот господин, туку и го покани на вечера во блиска иднина.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни