Поврзете се со нас

НБА

Морант со страшна атракција го уништи „џинот“ Вембањама, судиите ги шокираа фановите (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/memgrizz

Џа Морант најави дека се помалку ќе ризикува и дека поретко ќе го гледаме во атрактивни забивачки изданија, но се чини дека ѕвездата на Мемфис подзаборави на ова рано утрово.

Морант беше еден од најдобрите играчи на Гризлис во победата која ја остварија над Сан Антонио, меѓутоа се најде во прв план и поради една атракција која за жал не се важеше.

Џа се залета и успеа да забие преку 221 сантиметар високиот „џин“ Вембањама, но за негова несреќа, акцијата не беше важечка поради реакција на судиите поради контактот во претходниот дуел.

Наместо поени и забивање на сезоната, Морант доби само фаул од судиите, па оваа негова лудорија на крајот не направи никаква разлика на семафорот.

Одлуката на судиите дефинитивно ги налути неутралните НБА фанови, но навивачите на Мемфис може да бидат мирни барем поради тоа што нивниот тим славеше со 115:129.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни