Поврзете се со нас

НБА

Морант и ЛеБрон си разменија провокации на теренот, па „војната“ доби продолжение и во микс-зоната (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/Lakers

ЛеБрон Џејмс постигна 39 поени за својот Лос Анџелес Лејкерс и беше убедливо најдобар играч на паркетот, но тоа беше недоволно за победа на гостуваето кај Мемфис.

„Гризлите“ го занемарија индивидуалниот учинок на ЛеБрон со извонредна тимска игра и тоа ги водеше до победа од 131:114, а истата ќе се памети и по провокациите на теренот.

Џа Морант е познат по својот проблематичен темперамент и рано утрово прв почна со провокации кон играчите на Лејкерс, но Џејмс не остана должен и у возврати со иста мера откако погоди преку него.

ЛеБрон одговори со иста провокација и со гестикулации му порача на Џа дека е „премал“, па после ова, се чувствуваше тензијата која ја имаше на паркетот во нивните дуели.

На крајот, Морант беше тој кој се израдува на победата, а по крајот на натпреварот призна дека не чувствува никакви симпатии кон Лејкерси.

– Воопшто не ми се допаѓаат Лејкерс. Тие ме исфрлија од плејофот во 2022-ра година, а лани не растурија кога јас не играв на теренот и бев во улична облека. Тоа не беше случај вечерва, – изјави Морант.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни