НБА
Морант го провоцираше тренерот на Бруклин и предизвика конфликт меѓу двете клупи (Видео)
Мемфис успеа да оствари убедлива победа над Бруклин во натпревар од НБА лигата одигран утринава, а овој дуел беше одбележан и со расправијата меѓу двете клупи.
Повод за такво нешто беше дрскиот потег на Џа Морант, откако првата ѕвезда на Мемфис реши да го прослави кошот со звукот на сирената на крајот на полувремето во лице на противничкиот тренер, Жорди Фернандез.
Ja Morant anotó anoche sobre la bocina y lo celebró en la cara de Jordi Fernández 🤔pic.twitter.com/643pudWeHz
— Pasion Basket (@PasionBasketNBA) December 14, 2024
Шпанецот не му возврати на Морант, но пред крајот на средбата домашниот табор испорачал уште една провокација кон гостите, па настана и мешаница во која се вклучија и Денис Шрудер и домашниот тренер Тејлор Џенкинс.
Морант, Шрудер и Џенкинс добија технички грешки за своето однесување, а Фернандез по натпреварот изјавил дека е изненаден од однесувањето на Морант.
– Никогаш нема да разговарам со противничките кошаркари и очекувам противничките кошаркари да не разговараат со мене.
– Ако не сакаат да се однесуваат коректно, тоа е нивна одлука, но она што се случи беше целосно непочитување, – истакнал тренерот на Бруклин.
-
Светски првенства23 часа
Одработен завршниот тренинг пред Австрија: Лазаров ги пренесе идеите, ракометарите треба да ги спроведат на дело (Фото)
-
Англија24 часа
Историски трансфер: Гвардиола доби нов стопер вреден 50 милиони евра (Фото)
-
Светски првенства12 часа
ИХФ треба да измисли фер-плеј награда за Де Варгас: Шпанскиот голман воодушеви со својот потег на СП (Видео)
-
АТП5 часа
Ѓоковиќ освои луд поен на сет топка и предизвика лудница во Мелбурн (Видео)
-
Англија11 часа
Карагер шокиран: Аморим направи една од најбизарните работи во историјата на фудбалот
-
Англија22 часа
Ширер: Системот на Аморим го прави Јунајтед полош и од времето на Тен Хаг!
-
Светски првенства21 час
Луд финиш во режија на браќата Душебајеви: Алекс погоди, Даниел спречи чист гол во последната секунда (Видео)
-
АТП10 часа
Зверев за блокбастер дуелот Ѓоковиќ-Алкарас: Досаден меч (Видео)