Монтела за трансфер метата на Барселона: Тој е голем шампион…

montella

Шпанскиот великан Барселона е клуб кој редовно се поврзува со големо број на играчите, но кога за дел од истите пишуваат медиуми како „Мундо Депортиво“ или „Спорт“ кои секогаш имаат инсајдерски ифнормации тогаш слободно може да се заклучи дека тој фудбалер е сериозен кандидат за преселба на „Камп Ноу“.

Такму таков е случајот со стоперот на Севилја, Клемен Ленгле за кого денеска „Спорт“ пренесе дека каталонците покажуваат сериозен интерес за него со оглед на цената која би ја платиле за него (30 до 45 милиони евра), но и што за возврат би добиле со тој ангажман.

Ленгле се промовираше себеси во еден од најстабилните и најконстантните играчи на андалузијците, па воопшто не чуди тоа што Барса го мерка Французинот. Овие информации, шпекулации ги искоментира Винчено Монтела кој едноставно го остави отворено ова прашање.

-Ленгле е шампион во главата и на теренот. Во иднина може да игра за голем тим како Барселона, ама се надевам ќе остане во Севилја во наредните години, -рече тренерот на Севилја.

Facebook Коментари