Поврзете се со нас

Англија

Монтела со големи комплименти за ѕвездата од Серија А: Тој е најдобриот играч за врска на светот

Објавено

на

Foto:twitter.com/TFF_Org

Винченцо Монтела веќе некое време има нова улога и тоа како селектор на Турција со која имаше одличен почеток, резултати, репрезентација која ќе ја предводи на Европското првенство кое наредната година ќе се одржи во Германија.

Тој сигурно посакува неговите играчи да го дочекаат овој шампионат во најдобра форма, поточно да има на располагање што повеќе играчи кои ќе можат да помогнат да се дојде до што поголем резултат.

Една од главните ѕвезди, па и играч број еден на Турците дефинитивно е Хакан Чалханоглу за кого Монтела смета дека тој е најдобриот фудбалер од средниот ред на светот.

-За мене, тој [Чалханоглу] сигурно е најдобриот играч од средниот ред во Италија во моментов и можеби најдобриот во светот, -порача Винченцо.

Хакан во актуелнава кампања има дадено седум голови на 17 мечеви за Интер во сите натпреварувања.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни