Поврзете се со нас

Свет

Монтела пред своето деби: Хрватска изгледа како тежок противник, но не е баш така

Објавено

на

Foto:twitter.com/TFF_Org

Хрватска прерасна во фудбалска велесила и тоа го покажа со своите два последни настапи на мундијалите, но константноста која ја презентираа „коцкестите“ сепак не внесува страв кај новиот турски селектор.

Винченцо Монтела беше претставен како нов турски предводник во месец септември и доби шанса да ги доигра квалификациите, во кои Турција е на втората позиција на табелата пред денешното гостување во Осијек.

Многумина сметаат дека „авиончето“ не можеше да посака полошо место за деби како селектор на Турција, но Италијанецот го мисли токму спротивното и верува дека неговиот тим ќе изненади на „Опус Арената“.

– Можеби на сите ви изгледа Хрватска како тежок противник за почеток на еден мандат во Турција, но јас не мислам така. Јас верувам во совите играчи, ќе настојуваме да се покажеме во најдобро светло и да ја презентираме гордоста која ја имаме во себе.

– Имавме малку време за подготовки, но имаме јасен план за Хрватска. Им реков на играчите дека на теренот сакам да видам поразлична Турција од онаа на која досега навикнавте да ја гледате, – вели Монтела.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни