Поврзете се со нас

Лига на нации

Монтела најде оправдување за поразот на Турција: Ја плативме цената…

Објавено

на

Foto:www.instagram.com/millitakimlar

Турција доживеа неочекуван пораз од Црна Гора од 3-1 и со тоа остана без првото место во Лигата на нации.

Турците влегоа како апсолутни фаворити во Подгорица против тимот кој претходно ги загуби сите пет средби во натпреварувањето, меѓутоа домаќините покажаа друго лице, подобро се снајдоа во својот дом и на тој начин го оставија противникот без директен пласман во А сегментот, поточно нивното место како првопласирана селекција го зазема Велс.

Сега Турција ќе мора преку бараж да дојде до место во елитата, а селекторот Винченцо Монтела како оправдување за негативниот резултат ја наведе состојбата на теренот.

-Заслуживме да бидеме први во групата. Игравме на терен кој не е за вакво натпреварување. Се боревме, го оставивме срцето на терен. Кога играме повеќе се потпираме на техниката, не сме физички доминантни, па затоа ја плативме цената поради ваквата состојба на теренот. Беше тешко, честитки до Црна Гора, -истакнал Италијанецот.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни