Монтела лут по поразот на Фиорентина: Зарем пет судии не видоа дека Мертенс симулира?

Montela-3

Наполи го доби дербито со Фиорентина во голеадата со седум гола, но домаќините уште долго нема да ги заборават судиските одлуки кои имаа влијание на резултатот.

Најголеми контроверзи предизвика пеналот досуден на Мертенс во финишот на првиот дел, а тоа го потенцираше и тренерот на Фиорентина, Винченцо Монтела.

– Мертенс симулираше, зарем пет судии не можеа да го видат тоа? Доста ми е веќе од муабетите дека Киеза симулира, навистина се претера со тоа.

– Горд сум на моите фудбалери и разочаран сум од поразот кој не го заслуживме. Навистина сме лути бидејќи еден бод навистина менуваше многу, грешки се случуваат, но ова е веќе толкување кога еден пенал е или не е. Ако судијата сметал дека имало прекршок над Мертенс, ВАР е тука, зошто не отиде да ја погледне снимката? Добив жолт картон и по стартот над Рибери, едноставно реагирав спонтано како да сакам да го шутирам пеналот, но не се работеше за непочитување на судиите, – изјавил Монтела.

Facebook Коментари