Поврзете се со нас

Свет

Монтела испиша историја на дебито како турски селектор, па во соблекувалната доби повик од Ердоган (Видео)

Објавено

на

Foto:www.tff.org

Винченцо Монтела беше претставен како нов турски селектор пред еден месец, но уште тогаш се знаеше дека ќе има многу тешко отворање на новото поглавје во својата кариера.

Славниот Италијанец дебитираше против третопласираната селекција на последното Светско првенство, но неговата Турција направи големо изненадување и вчера оствари победа во Осијек.

Хрватска беше непрепознатлива и го претрпе првиот пораз во историјата на домашен терен во еден квалификациски меч за Европско првенство, а тоа му донесе уште поголема важност на успехот кој го оствари Монтела.

Турција објавија дека стручниот штаб и играчите добиле повик од претседателот Ердоган по крајот на натпреварот и тој лично им честитал за успехот, но на крајот се обратил и на италијански во чест на Монтела.

– Грацие… (благодарам), – се слуша преку телефонот кој во принцип најмногу го држеше капитенот Хакан Чалханоглу.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни