Поврзете се со нас

Европски првенства

Монтела го стави успехот со Милан во втор план: Ова што се случува со Турција не се споредува

Објавено

на

Foto:instagram.com/millitakimlar

Винченцо Монтела се чини дека ги доживува најемотивните моменти во својата тренерска кариера, бидејќи „авиончето“ вчера ја доби тактичката битка со поискусниот Ралф Рангник и ја одведе Турција во четвртфиналето.

Италијанскиот тренер првпат се испроба како селектор и засега оваа авантура со Турција изгледа навистина добро, до толку што и самиот вели дека овој успех на Европското првенство повеќе го вреднува од освоената титула со Милан.

50-годишниот Монтела не се прослави на клупски план и единствена титула му е онаа која ја освои со Милан во Суперкупот, но досегашното патување со Турција го става на прво место.

– Еден голем успех и една голема победа не ја поништува претходната. Ако се навратам наназад, тоа што подигнав трофеј со Милан беше извонредно, бидејќи не можат сите да се пофалат со такво нешто.

– Но, ова со Турција е на поинакво ниво, ова е нешто поинакво. Ова е на највисоко европско ниво и на Европско првенство. Сега претставувам цела земја, цела нација. Не сакам да правам споредби, но ова е поголемо од титулата со Милан бидејќи ми се случува во моментов и навистина уживам во тоа, – вели Монтела.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни