Поврзете се со нас

Балкан

Монтела: Балотели има јасна цел, сака да се врати…

Објавено

на

Италијанскиот стратег, Винченцо Монтела од пред некое време има нов ангажман и тоа во редовите на турскиот прволигаш Адана Демирспор.

Тој во Адана има можност да соработува со неколку добро познати имиња од кои најзвучно е Марио Балотели. Популарниот Супер Марио има дадено четири гола на последните четири натпревари и според Монтела тој напорно работи, максимално е посветен затоа што сака да оствари една голема цел-да се врати во италијанската репрезентација.

-Ја продонаоаѓ својата најдобра форма и е мотивиран од голема цел: враќање во репрезентацијата. Ќе сторам се за да му помогнам. Многу разговараме и откаку сум тука, тој тренира и секогаш се однесува добро, ја има таа голема желба. Тој се уште не е 100% фит, но сака да стигне таму за да биде опција за Италија, -вели Монтела кој потоа говореше и за себеси.

-Сакам да го оставам зад себе несреќното време и неодамнешни разочарувања. Во ова искуство, јас повеќе ги изразувам своите емоции. Јас сум многу повеќе свој кога сум во странство отколку во Италија, можеби затоа што не се чувствувам премногу осудено, -вели Винченцо за „Газета Дело Спорт“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни