Поврзете се со нас

НБА

Монструозната партија на „вонземјанинот“ Виктор за која зборува цела Америка: Вембанјама запиша трипл-дабл со 10 блокади! (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/spurs

Сан Антонио е еден од најлошите тимови во НБА лигата оваа сезона и ретко кога обезбедува победи, но после седум порази во низа, Грег Попович конечно имаше причина за насмевка на лицето.

Спарси успеаја да одиграат одлична партија на гостувањето кај Торонто и победија со 99:122, а по крајот на натпреварот сите зборуваа за изданието на Виктор Вебанјама.

Дебитантот во НБА лигата многумина го нарекуваат вонземјанин поради висината и специфичниот стил на игра, па во тоа рано утрово се уверија и играчите на Торонто.

Рапторси немаа решение за Вемби кој имаше извонредна офанзивна претстава, но блескаше и во дефанзива каде успеа да запише неверојатни 10 блокади.

Вембанјама стигна до историски трипл-дабл со десет блокади зад своето име, а со тоа влезе во избрано друштво на само четири други играчи.

Французинот го заврши мечот со 27 поени, 14 скокови, 10 блокади, 5 асистенции и 2 украдени топки, учинок со кој претходно можеа да се пофалат само Олајџувон, Џабар, Сампсон и Робинсон.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни