Поврзете се со нас

НБА

Монструозен потег: Едвардс го режираше најбруталното забивање и го повреди својот чувар, соиграчите се фаќаа за глава (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/Timberwolves

НБА фановите ова утро го видоа најдоброто забивање од стартот на сезоната, или во најмала рака најбруталното со оглед на тоа дека двајца кошаркари се пожалија на повреда.

Ентони Едвардс режираше вистинска атракција на гостувањето кај Јута и го разнесе својот чувар, Џон Колинс, но дури и самиот се пожали на мала болка во раката од моќноста и интензитетот.

Бравурата на Едвардс не остави никого рамнодушен и добар дел од соиграчите се држеа за глава, а убедливо највирална реакција имаше Кајл Андерсон.

Играчот на Минесота не можеше да поверува што направи неговиот соиграч, кој впрочем беше и најдобар играч на паркетот во победата од 104:114.

Покрај монструозното забивање, Ентони се истакна и во другите кошаркарски елементи, па зад своето име запиша 32 поени, 7 скокови и 8 асистенции.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни