Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Монпелје со лекција за Кил, Вардар е една од само две екипи без пораз во ЛШ

Објавено

на

Победите на Монпелје против Кил (37:30) и Пик Сегед на гостувањето кај Мешков Брест (25:28) значеа дека само две екипи останаа непоразени по првите три кола во групната фаза на ракометната Лига на шампионите.

Покрај унгарскиот тим Пик Сегед, во таква позиција е и македонскиот првак Вардар, кој идентично има две победи и едно реми, па го дели првото место во групата А со овој ефект.

Избраниците на Веселин Вујовиќ стартуваа со реми против Елверум, за подоцна да одиграат доминантно со Мешков и Алборг и да врзат две победи за врвот во групата.

Во групата екипи со еден пораз се екипи како актуелниот шампион Барселона, односно Кил, Веспрем, Алборг, Виве Кјелце и  Порто, додека ПСЖ има победа, реми и пораз.

Вечерва Монпелје одигра сигурно против Кил, а најефикасни во францускиот тим биле Вијмино со 8 и Бос со 7 голови.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни