Монпелје излезе на крај со борбениот Металург

T (5)

Екипата на Металург претрпе нов пораз на домашен терен во Лигата на шампионите, овој пат очекуван од лидерот Монпелје кој го освои СЦ „Борис Трајковски“ со 27-21.

Избраниците на Александар Јовиќ се трудеа, се бореа, играа агресивно и го дадоа својот максимум, но францускиот претставник покажа дека е на повисоко ниво и успеа да ја оствари зацртаната цел.

T (2)

На полувремето беше 16-14 за гостите, па во продолжението Металург се обидуваше  да ја достигне таа предност, ама не успеваше или поточно секогаш добиваше одговор од спротивната страна.

На крајот Монпелје направи серија од 5-0 по резултатот 22-21 со што ја затвори оваа приказна и остане единствената екипа со максимален учинок во ЛШ.

T (1)

Арсиќ запиша 7 одбрани, Пешевски, Јагањац и Анџелиќ дадоа по 5 голови, додека кај французите најзабележителен лик беше голманот Жерард со 14 интеревенции.

Следниот меч Металург го игра на гостински терен во Турција против Бешикташ.

Facebook Коментари