Моника Стојковска: Големите натпреварувања се мотивација и предизвик!

monika stojkovska

Првата дама на македонската шаховска репрезентација, Моника Стојковска, се враќа од Европското првенство во Грција со уште една норма за интернационален мајстор, освоена на првата табла со 4,5 поени од 9 меча.

Стојковска покажа дека продолжува со успесите бидејќи и лани се истакна како лидер на женската репрезентација на Олимпијадата во Азербејџан, а ова е нова потреба за нејзиниот подем како шахист.

– Откако беше донесена одлуката за да учествувавме на Европското првенство, веднаш се сретнавме со селекторот Александар Чоловиќ за а почнеме со подготовки. Во повеќе наврати работевме повеќе часови, и морам да признаам дека сето тоа, иако недоволно, сепак даде резултат. Дополнително, имав поединечни интензивни подготовки со тренерот Драган Јаќимовиќ и работев сама. Целта ми беше да ја освојам третата норма за интернационален мајстор и да бидам во плус со рејтинг поените, што успеав да го постигнам,- изјави Стојковска за „Дерби“.

Овој успех стимулира желба за натамошно докажување и против најдобрите во европскиот шах.

– Се на се, ова беше прекрасно искуство и жал ми е што Македонија во претходните години не успеваше да обезбеди финансси за учество на ЕП. Посакувам и во иднина да продолжи праксата да се учествува на големите натпреварувања, бидејќи тие се мотивација и предизвик за секој шахист. Тоа го покажавме со подобрување на почетниот ранг за десет позиции во конечниот пласман, што ни дава за право да веруваме дека имаме сила да се бориме и со најдобрите во европскиот шах,- додаде Стојковска.

Facebook Коментари