Поврзете се со нас

АТП

Монфис за сопругата Украинка: Не сфаќам како може да игра

Објавено

на

Тенисот често знае да ги спои тенисерите и тенисерките, па така во моментов најпознатата двојка која се уште е активна дефинитивно е Гаел Монфис и Елина Свитолина.

Тие веќе долго време се при самиот врв на АТП и ВТА листата, имаат резултати за почит, а пред одредено време својата љубов ја крунисаа во брака. Сега се заедно делат, добро и лошо, па Монфис отворено проговори за тоа колку ја цени својата сопруга, нејзината сила и волја, односно како се справува со моменталната состојба, воениот напад на нејзната Укрина од страна на Русија.

-И се восхитувам на мојата сопруга. Искрено, играм поради неа. Јас сум целосно транспарентен, да не отидеше таа во Индијан Велс и Мајами, немаше ни јас. Не можам да разберам како може да игра. Неверојатно е како во такви моменти најде толку многу енергија, волја. И симнувам капа. Секогаш и кажувам дека е пример, дека е исклучителна, -истакна Гаел.

Свитолина одлучи да направи мала пауза, додека пак Монфис ќе го гледаме на Мастерсот во Монте Карло.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни