Поврзете се со нас

АТП

Монфис: Алкарас е веќе легенда, тој на исто ниво со Надал, Федерер и Ѓоковиќ

Објавено

на

foto: x.com/Wimbledon

Гаел Монфис и Карлос Алкарас денеска ќе го одиграат мечот на Мастерсот во Синсинати кој беше прекинат во вториот сет во тај-брејкот поради дожд.

Искусниот Французин го загуби првиот сет со 6-4, ама води со 3-1 (тај-брејкот) во вториот и може да се избори за трета решавачка рунда против тенисерот кого многу го цени.

-Алкарас е веќе комплетен спортист кога зборуваме за брзина, издржливост, сила. И неговиот тенис е прилично добро заокружен, исто така. Бекхенд, форхенд… Тешко е да се види каде ќе ја испрати топката. Многу го подобри ритернот, одлично сервира. Навистина – комплетен играч.

-Во моментов го гледам на исто ниво како Новак, Рафа и Рожер. Тој е само малку помлад, но веќе е легенда, -порача Монфис пред самиот натпревар за „Тенис.ком“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни