Мончи и „волчицата“ во нова акција: Рома го враќа Пасторе на Апенините!

pastore-nejmar

Екипата на Рома е една од најактивните екипи во овој период и досега ги обезбеди потписите на Иван Маркано, Брајан Кристанте, Анте Чориќ и Џастин Клајверт, но клубот од Рим не планира тука да застане и веќе тргнува во нова акција да го обезбеди подзаборавениот Хавиер Пасторе.

Пасторе сака да си замине од ПСЖ, а и францускиот тим е принуден да го продаде поради финансискиот фер плеј и лесно може да се дојде до договор. За одличниот Аргентинец интерес пројавуваа Интер и во последно време Вест Хем, но Рома е посериозна и подобра опција за офанзивецот од премиерлигашот со оглед на тоа што ќе може да игра во Лигата на шампионите.

Според информациите на неколку различни извори до договор може да се дојде за сума од 20-25 милиони евра, договор со кој Пасторе би добивал по 4-5 милиони евра по сезона.

Хавиер веќе има играно во Италија и тоа во дресот на Палермо од 2009 до 2011 година.

Facebook Коментари