Мончи распали: Ако ни го поништеа и вториот гол против Реал, ќе се симнев и го извадев тимот од теренот! (Видео)

monci-grimasa

Големото дерби меѓу Реал Мадрид и Севилја понуди одличен фудбал, но и доста полемики поради кое шпанските аналитичари ќе имаат навистина многу работа во наредните неколку часа.

Реал Мадрид успеа да победи со 2:1 благодарение на двата гола кои ги постигна Касемиро, но херојското издание на Бразилецот сепак не можеше комплетно да ги анлуриа спорните моменти во кои пред се се најдоа играчите на Севилја. Лук Де Јонг погоди за 0:1 во првото полувреме и веќе се израдува на својот гол, но истиот беше поништен по асистенција на луѓето од ВАР собата. На крајот беше проценето дека потегот на Гуделј е намерна опструкција над Милитао во шеснаесетникот, па резултатот остана 0:0.

Подоцна, Де Јонг израмни на 1:1 во вториот дел, но и овој погодок беше под закана да биде поништен, бидејќи Мунир ненамерно играше со рака кога падна на земјата. Во овој случај, судиите проценија дека голот треба да остане важечки, но сепак тоа не го задоволи доволно Мончи кој распали по поразот од 2:1.

Главниот оперативец на Севилја не се штедеше во микс-зоната и нагласи дека ќе го извадел тимот од теренот доколку го поништеле и вториот гол на Де Јонг.

– Акцијата од првиот гол ја виде цел свет. Тоа е акција каква што има многу за време на натпревар, нема потреба од техничка и тактичка анализа. Таа акција е клучна и можеше да го сврти мечот во наша корист, сега апсурдно е да се анализира што се случи подоцна. Инаку, ако го поништеа и вториот гол на Де Јонг, ќе се симнев доле и ќе го извадев тимот од теренот, – порача нервозниот Мончи.

Facebook Коментари