Мончи излезе со интересна теорија за продажбата на Роналдо

monci-seriozen

Главниот оперативец на Рома се соочува со доста жестоки критики од фановите на стартот на новата натпреварувачка сезона, па сега пред дуелот со Реал Мадрид во Лигата на шампионите, Мончи се најде во фокусот поради изјавата која ја даде за најзвучниот трансфер кој се случи во Италија ова лето.

Пристигнувањето на Кристијано Роналдо во Јувентус предизвика фудбалски „земјотрес“ на Апенините, но наспроти сите маркетиншки и спортски теории за трансферот на Португалецот во Јувентус, денеска Мончи излезе со едно размислување од перспектива на Реал Мадрид.

Оперативецот на Рома не ја исклучува можноста продажбата на Роналдо да била планирана од страна на шпанскиот клуб, бидејќи неговото заминување може да се искористи како мотивација за уште еден голем предизвик, нова одбрана на титулата во Лигата на шампионите.

– Не е лесно да се пронајде мотивација кога трипати по ред ќе ја освоите Лигата на шампионите. Можеби на тоа се должи и продажбата на Роналдо. Тоа може да се искористи како мотивација за останатите да дојдат до трофејот без него. Мотивацијата е најважната работа во фудбалот, а продажбата на Роналдо може да значи тоа за Реал. Покрај Реал, меѓу фаворитите за титулата во ЛШ оваа сезона би ги вбројал и Сити и Ливерпул, – посочува Мончи во интервјуто за „Кадена Копе“.

Facebook Коментари