Англија
Мончи избрал тројца фудбалери кои би ги купил ако има неограничен буџет

Астон Вила е активна во овој преоден рок, а деновиве топ тема е продажбата на Џон Дуран во Саудиска Арабија, трансфер од кој премиерлигашот ќе профитира сериозно и првично изнесува 77 милиони евра.
Спортскиот директор Мончи во интервју за „Кадена СЕР“ зборувал на актуелни теми, а меѓу другото бил прашан и кои тројца фудбалери би ги ангажирал доколку неговиот клуб има неограничен буџет.
Шпанецот избрал две имиња од Ла Лига и еден фудбалер од Премиер лигата, па донекаде очекувано се одлучил за врвно трио кое би го посакало секој тренер.
– Ако треба да ангажирам крилен напаѓач, би се одлучил за Ламин Јамал, затоа што тој ќе одбележи една фудбалска ера.
– Во однос на напаѓачката позиција, би се одлучил за Халанд, јас сум негов голем фан, додека во средниот ред би го избрал Џуд Белингам. Ми се допаѓа неговиот профил на фудбалер, можеби е и најкомплетниот фудбалер во однос на сите делови од теренот кои ги покрива, – рекол Мончи.
-
НБА20 часа
Хиро најдобар „тројкаш“ во Сан Франциско, Вембенјама и Пол си поиграа со Ол-стар правилата и добија дисквалификација (Видео)
-
Шпанија13 часа
Белингам испрати нова порака за вчерашното исклучување и им се извини на соиграчите
-
Шпанија17 часа
Белингам „падна во замката“ за која Роналдо предупреди уште во 2018. година (Видео)
-
Италија15 часа
Фабрегас има „бисер“ во својот тим: Мајсторијата на Нико Паз го „смрзна“ Де Хеа (Видео)
-
НБА20 часа
Ол-стар лудорија: МекЛанг го направи незамисливото и испиша НБА историја (Видео)
-
Шпанија21 час
Анчелоти: Се случија многу чудни работи на последните три натпревари…..
-
АТП14 часа
Вавринка разочаран од одлуката за Синер, екс шпански тенисер застана во одбрана на Италијанецот
-
Италија10 часа
Рома победи со мајсторски слободен удар, Сузуки ја имаше одбраната на сезоната (ВИДЕО)