Шпанија
Мончи: Ако го удрев Иско, веќе немаше да може да игра фудбал (Видео)

Иско Аларкон доживува втора фудбалска младост во Бетис и целосно успеа да се препороди на „Бенито Вилјамарин“, и тоа во ситуација кога претходно имаше исклучително ужасна етапа на другиот крај од Андалузија.
Поранешната ѕвезда на Реал неколку месеци остана без клуб откако буквално беше избркан од Севилја, сценарио во кое на големо се пишуваше дека Иско дошол и до физичка пресметка со тогашниот спортски директор.
Популарниот Мончи беше истакнат како човек кој физички го нападнал и го повредил Иско во инцидентот кој избил, па иако поминаа три години од таа ситуација, истата е доста актуелна за фановите во градот.
Навивачите на Севилја сега уште повеќе го оправдуваат потегот на клубот во ситуација кога Иско стана главна ѕвезда на лутиот ривал, а еден од нив успеа да сними и неверојатна изјава од Мончи додека актуелниот директор на Астон Вила се шетал во Андалузија.
– Можеш да замислиш што ќе се случеше ако навистина го удрев. Јас не го удрив Иско, ако дојдеше до тоа, веќе немаше да игра фудбал.
– Не заборавајте дека ние ја освоивме седмата титула во Лигата на Европа откако го избркавме Иско, – му вели Мончи на фанот на Севилја кој претходно му се заблагодари за тоа што физички го нападнал Иско.
Bético intenta reírse de Monchi y sale trasquilado pic.twitter.com/kXD7FiDnsD
— Mividaa.SFC 💥 (@mivida_sfc) March 23, 2025
-
Англија15 часа
Тренерот на Кристал Палас откри дека посебно таргетирале еден играч на Арсенал
-
Македонија3 часа
Украинецот во елемент во клучен момент: Мајсторијата на Горига за победа на Вардар во Битола (ВИДЕО)
-
Шпанија17 часа
Анчелоти беснееше по играч на Реал, па веднаш го извади од игра: Ова не е театар! (Видео)
-
Шпанија10 часа
Тежок удар пред „Ел Класико“: Реал соопшти најлоша вест за Камавинга (Фото)
-
Италија16 часа
Инѕаги: Мора да му честитаме на Милан за тоа што ни го направи оваа сезона
-
Германија14 часа
Баерн се откажува од талентираниот Шпанец за кој се крена голема врева пред 18 месеци
-
Македонија13 часа
Митревски го најави вечното дерби против Вардар: Победникот ќе направи важен исчекор кон титулата
-
Италија12 часа
Инѕаги беснееше по четвртиот судија и му забрани да покаже петминутно продолжение (Видео)