Поврзете се со нас

Италија

Монца со специјално видео ги „поздрави“ навивачите на Милан по историската победа на „Бриантео“

Објавено

на

Foto:twitter.com/ACMonza

Навивачите на Милан се навикнаа на победи над Монца и очекуваа такво нешто и вчеравечер, пред се поради блиската историја која велеше дека „росонерите“ славеа на сите пет дуели.

Сепак, натпреварот на „Бриантео“ донесе неочекуван расплет и Монца успеа да оствари триумф од 4:2, прв во својата историјата над великанот од „Сан Сиро“.

Tоа донесе огромна радост меѓу домашните тифози, а оние на Милан сега добија „поздрав“ од страна на клубот поради начинот на кој го најавуваа регионалното дерби.

Навивачите на Милан беа пресамоуверени на социјалните мрежи и пишуваа дека нивниот тим ќе има полесен тренинг и дека трите бода се однапред обезбедени, нешто што ги натера во Монца да подготват специјално видео како поздрав.

Монца вчера поведе 2:0, Милан со играч помалку израмни на 2:2, но домаќините во самата завршница постигнаа уште два гола и славеа историска победа над „росонерите“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни