Поврзете се со нас

Италија

Монца се засили со поранешна ѕвезда на Аталанта

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/ACMonza

Монца денеска освои само бод во ремито без голови против Болоња, но раководството обезбедило уште едно засилување за продолжението од сезоната.

Адријано Галијани ги финиширал подготовките со искусниот Папу Гомез, кој важи за клупска легенда на Аталанта, а сега прифатил да се врати во Серија А.

Аргентинецот е слободен агент откако ја заврши соработката со Севилја, па сега треба само да ги помине лекарските прегледи, пред да биде промовиран во новиот клуб.

Гомез има над 200 настапи во дресот на Аталанта меѓу 2014 и 2021 година, а се пресели во Севилја по конфликтот со тренерот Џан Пјеро Гасперини.

Монца повлече конкретен потег по веста дека искусниот Џанлука Капрари ќе паузира најмалку половина година поради сериозна повреда.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни