Поврзете се со нас

Италија

Монца губи и со новиот тренер, Џенова го освои „Карло Кастелани“

Објавено

на

foto: x.com/SerieA_EN

Екипите на Парма и Џенова остварија идентични победи над Монца и Емполи во двата натпревари со кои се отвори последното коло за оваа календарска година во Серија А.

Парма на драматичен начин дојде до трите бода во соочувањето со Монца на која не и помогна ниту новиот тренер Салваторе Бокети.

Популарните „млекари“ триумфираа со 2-1 и тоа со погодокот кој во 98 минута го постигна Валенти.

На „Карло Кастелани“ во Емполи домашниот тим загуби од поранешниот клуб на Горан Пандев со 2-1. Најважните моменти се случија во вториот дел, Бадељ донесе водство за Џенова, потоа Еспозито промаши пенал за домаќините за што стигна казна во 68 минута преку Екубан за 2-0.

Домашните фудбалери се вратија на минус пред со погодокот на Еспозито во 74 минута, ама до крајот не успеаа да реализираа уште еднаш и да избегнат негативен резултат во последниот меч за 2024 година.

Standings provided by Sofascore
Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни