Поврзете се со нас

Франција

Монако се раздели со ветеранот Фабрегас

Објавено

на

Монако денеска ја потврди очекуваната разделба со својот најискусен фудбалер, Сеск Фабрегас.

Поранешниот шпански репрезентативец ја завршува соработката со тимот од кнежевството по истекот на договорот и однапред беше јасно дека нема да остане во Монако.

– Играчот за врска со над 830 натпревари во кариерата, го напушта кнежевството три и пол години откако пристигна.

– Тој беше важен дел од тимот на Монако, при што освојувачот на СП во 2010 година донесе потребно искуство и знаење посебно важно за помладите фудбалери. Тој истото го стекнуваше настапувајќи за претходните клубови Арснал, Барселона и Челси, – вели Монако во соопштението.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни