Монако најави кога ќе си замине Лемар и откри кој клуб бил најблиску до неговиот потпис во летниот преоден рок

tomas-lemar-32889329832

Томас Лемар нема да остане уште долго во Монако и потврда за тоа стигна и од самиот клуб.

Потпретседателот на клубот од кнежеството Вадим Василјев вели дека Лемар најверојатно ќе си замине следното лето.

– Мислам дека би било фер да кажам дека Томас има големи шанси да си замине следната година. Во јануари не планираме да го пуштиме, иако во фудбалот никогаш не можеш да кажеш никогаш – изјави Василјев за „Скај Спортс“.

Тој потврди и дека Арсенал бил најблиско до трансфер на Лемар во изминатиот преоден рок.

 

– Ливерпул беше навистина заинтересиран. Но, Арсенал беше навистина блиску до финализирање на трансферот. Беше многу блиску. Но, не беа сите елементи од сложувалката на место – додаде Василјев.

Facebook Коментари