Монако му врачи отказ на фантастичниот Жардим, голема француска легенда пристигнува во „кнежевството“!

jardim-navednat

Леонардо Жардим беше творец на препородбата на Монако и вистински лидер на големите успеси кои ги оствари овој тим во изминатите четири години, започнувајќи со освоената титула во домашното првенство пред две години, па се до играњето во полуфиналето во Лигата на шампионите.

Сепак, добро познато е дека во фудбалот не се живее од минатото и дека работите брзо се менуваат со тоа што го носи сегашноста, а таа вели дека Монако е трет најлош тим во Франција на почетокот на сезоната. Тимот од „кнежевството“ освои само шест бода во првите девет бода и се наоѓа на 18-то место на табелата, а клубот одлучи да ја искористи интернационалната пауза за да му се заблагодари на Жардим за сето она што го сработи од 2014 година до денеска.

Монако преку официјално соопштение го потенцираше сиот успех кој го направи Жардим и го потврди неговото заминување, а од друга страна пак, уште толку се зголемија гласините дека наследник на искусниот португалски стручњак во Монако ќе биде легендата на францускиот фудбал, Тјери Анри кој инаку чекаше ваков расплет и одби да ја води Астон Вила во Чемпионшип.

Facebook Коментари