Поврзете се со нас

Франција

Монако ја потврди разделбата со Субашиќ

Објавено

на

Францускиот прволигаш Монако вечерва потврди дека голманот Данијел Субашиќ си заминува од кнежевството по цели осум години.

Субашиќ во недовршената, а прекината сезона го загуби првотимскиот статус поради доаѓањето на Бенжаман Лекомт, што дефинитивно беше пресудно да донесе одлука за разделба со Монако.

– Монако го потврдува крајот на авантурата на Данијел Субашиќ, кој беше еден од најважните играчи нашите успеси последните осум сезони и еден од најдобрите голмани во историјата на клубот, – објави клубот на социјалните мрежи.

Субашиќ беше вистински погодок на Монако, настапуваше за оваа екипа и во втората лига, а освои и една титула во француското првенство.

Со хрватскиот голман во тимот, тимот од кнежевството стигна до полуфиналето на Лигата на шампионите во 2017 година, а таа сезона беше избран и за најдобар голман во Лига 1.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни