Поврзете се со нас

Свет

Монако ја одбрани титулата со нова убедлива победа над Шортс и Париз

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/ASMonaco_Basket

Кошаркарите на Монако стигнаа до уште една преубедлива победа во финалната серија против Париз (76:115) и на тој начин ја одбранија титулата во француското првенство.

Избраниците на Саша Обрадовиќ испорачаа вистинска лекција за екипата предводена од македонскиот репрезентативец Шортс, па уште во првиот период најавија дека одат на гостинска победа за заокружување на финалето.

Монако имаше плус 26 на полувреме и до крајот само го дотолчи противникот, а импресивен настап имаше првата ѕвезда Џејмс кој постигна 27 поени за нецели 17 минути на теренот.

Окобо е втор најдобар реализатор со 23 поени, додека Шортс остана на скромни 12 поени, колку што имаа и Јантунел и Малколм.

Монако ја доби финалната серија со резултат 3:1.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни