Поврзете се со нас

Франција

Монако му врачи отказ на Морено, ќе го наследи поранешен тренер на Баерн

Објавено

на

Францускиот прволигаш Монако денеска го отпушти досегашниот тренер, Роберт Морено.

Младиот стручњак кој прво му беше помошник на Луис Енрике, а по неговото повлекување самостојно ја презема шпанската репрезентација, дебитираше во еден клуб токму во кнежевството.

Но, само седум месеци подоцна, Морено доби отказ, а главна причина е седмото место на табелата на кое заврши Монако во сезоната прекината поради коронавирусот.

– Нашите патишта се раздвојуваат порано од очекуваното, – изјавил Олег Петров, како претставник на раководството на Монако.

Главен фаворит за наследник на Морено е поранешниот тренер на Баерн Минхен, Нико Ковач.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни