Поврзете се со нас

Шпанија

Момент за историја: Со соиграчите го елиминираше Реал Мадрид, па си направи селфи со Бензема (Видео)

Објавено

на

blank

Фудбалерите на Алкојано приредија вистинска сензација во Купот на кралот елиминирајќи го големиот фаворит Реал Мадрид.

Третолигашот и со играч помалку му даде гол на „кралскиот клуб“ во второто продолжение откако во регуларниот дел натпреварот заврши без победник, 1:1.

По последниот судиски свиреж следеше навистина луда прослава на фудбалерите на Алкојано кои постигнаа историски успех елиминирајќи еден од фаворитите за трофејот во ова натпреварување.

Интересен момент се случи при прославата на играчите и заминувањето на фудбалерите на Реал Мадрид од теренот. Еден од резервните играчи на Алкојано истрча до Карим Бензема и побара да се фотографира со голгетерот на „кралевите“.

Веднаш штом си ја заврши задачата и си  обезбеди „селфи“ со Бензема, фудбалерот се врати на славење со своите соиграчи.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни