Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Момент кој се забележува само со повторената снимка: Халанд му асистираше на судијата пред да постигне гол (Видео)

Објавено

на

Ерлинг Халанд постигна нови два гола на еден натпревар во Лигата на шампионите, па Пеп Гвардиола процени дека е време за одмор и дека доволни се 45 минути игра против Копенхаген на „Итихад“.

Овој период беше доволен Халанд да постигне два погодоци во мрежата на Данците, но оној вториот привлече внимание и поради деталната анализа која ја направија Холанѓаните.

Станува збор за еден интересен детаљ во акцијата која го најави новиот гол на Норвежанецот, кој пред да се упати во опасната зона, пронајде време да му асистира на главниот судија.

По еден судир со играч на Копенхаген, на судијата му падна спрејот за обележување на прекините, а Халанд се врати по него, му го дофрли на арбитарот Румсас а набрзо после тоа постигна гол за водство од 2:0.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни