Момент кој никој не го забележа: Торес го расплака Гризман со директната порака која му ја испрати за време на мечот со Еибар (Видео)

grizi-elnino

Фернандо Торес изминатиов викенд ги доживеаја најемотивните моменти во својата играчка кариера, бидејќи одлучи да се раздели од Атлетико Мадрид во ситуација кога тој и неговите соиграчи ја освоија титулата во Лига Европа.

Натпреварот против Еибар кој се одигра во саботата беше последен за „Ел Нињо“ во дресот на матичниот клуб, но покрај емоциите и солзите кои беа пролеани по крајот на мечот и при збогувањето со навивачите, сега шпанските медиуми ни доловија еден уникатен момент од теренот на „Ванда Метрополитано“.

Антоан Гризман доби доста свирежи од публиката на последниот меч поради тоа што не се огласува јавно за неговиот најавен трансфер во Барселона, а Торес во овие тешки моменти одлучи да го утеши Французинот со срдечна порака со која го расплака својот соиграч.

– На тебе нема да ти замериме за ништо, тука си ни вистински потребен, – му порача „Ел Нињо“ на Гризман кој емотивно се потресе по овие зборови и пролеа солзи на теренот.

Facebook Коментари