Поврзете се со нас

Формула 1

Момент кој не влезе во тв преносот: Раиконен збесна поради еден потег на своите инженери (Видео)

Објавено

на

blank

Кими Раиконен е највозрасен меѓу актуелните возачи во Формула 1 шампионатот, а го докажа својот уникатен карактер и на трката на Силверстоун.

Возачот на Алфа Ромео не блескаше на патеката, но ако е молчалив во однос на перформансите на болидот, не можеше да го премолчи потегот на тимот при едно влегување во боксот.

Откако Раиконен културно препраша дали во гаражата се сигурни дека треба да влезе во боксот, тој го направи тоа, но во Алфа Ромео се премислија неколку секунди подоцна и побараа од него да остане на патеката.

Тоа доведе до „експлозија“ на Раиконен кој испрати сочни зборови преку радио врската, приморувајќи ја другата страна да се повлече.

Инаку популарниот „Ајсмен“ на крајот го освои последното 17 место на трката и засега останува без освоен бод.

Реклама
Реклама
Реклама

Facebook

Популарни