Лига Европа
Момент кој не се забележа во ТВ преносот: Играч на Севилја изведе пенал без да гледа (Видео)

Севилија покажа дека е вистинска кралица на Лигата на Европа и стигна до седмата титула во ова натпреварување, откако вчеравечер во Будимпешта се врати од негатива и имаше повеќе нерви во пенал рулетот.
По регуларните 90 минути, едноставно не се играше фудбал во продолженијата и стана јасно дека победникот ќе се решава во пенал рулетот, кој пак беше отворен на навистина луд начин.
Лукас Окампос беше прв изведувач на ударите од 11 метри и прв ја преземе одговорноста кај Севилја, а она што не се виде во прв момент во ТВ преност е доста интересно.
Аргентинецот покажал неверојатна храброст при изведувањето на пеналот, бидејќи воопшто не гледал во топката и испратил поглед настрана пред да го измами Руи Патрисио.
Овој потег на Окампос стана вирален хит меѓу навивачите на Севилја, но доста споделувана е и неговата изјава. Аргентинецот имаше многу тешка и чудна сезона, која ја започна на позајмица во Ајакс, а потоа се врати на средина на сезоната за да освои пехар.
– Имав многу тежок период. Само јас и моето семејство знаеме колку страдав. Пред неколку месеци, тренирав само во младинскиот тим на Ајакс. Беше многу тешко, но фудбалот ви дава можност за одмазда. Пред три месеци тренирав сам, а сега станав европски првак, – изјави Окампос.
Lucas Ocampos really hit a no-look pen in a European final 🥶 pic.twitter.com/wIbrRcRc8g
— ESPN FC (@ESPNFC) May 31, 2023
A no-look penalty by Lucas Ocampos 😏 pic.twitter.com/FkTehb7RKw
— Pubity Sport (@pubitysport) June 1, 2023
-
Светпред 24 часа
Се уште чека на првиот гол: Нејмар повторно не реализираше пенал за Ал Хилал (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 23 часа
Рамос ја матираше Севилја, Барселона продолжува да победува на „Монжуик“ (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 14 часа
Чави со џентлменска изјава откако Рамос си постигна автогол за победа на Барса
-
Англијапред 13 часа
Рашфорд откри дека е посебно возбуден од едно летно засилување во Јунајтед
-
Англијапред 4 часа
Андерсен со мајсторија се погрижи за ужас на „Олд Трафорд“ каков што не се памети повеќе од три децении (Видео)
-
Англијапред 11 часа
Тен Хаг загуби уште еден играч и порача: Фудбалерите не можат да издржат
-
Светпред 8 часа
Митровиќ збесна и со рафал од српски пцовки го напушти теренот во Саудиска Арабија (Видео)
-
Шпанијапред 12 часа
Анчелоти: Џирона може да се бори за титулата