Поврзете се со нас

АТП

Момент кој не се виде во телевизискиот пренос: Прославата на Ѓоковиќ по последниот поен од вистински агол (Видео)

Објавено

на

Новак Ѓоковиќ по десетти пат во својата кариера ја освои титулата на Аустралијан Опен, по што самиот посочи дека овој трофеј е најсладок и најважен за него после сето она што му се случи во изминатите 12 месеци.

Пред точно една година, Ѓоковиќ беше протеран и депортиран од Мелбурн и доби црн печат за влез во земјата, но непосредно пред новото издание на турнирот, ова беше повлечено и Србинот доби зелено светло да настапи на својот омилен грен слем турнир.

Ноле ја оправда фаворитсата улога и во големото финале го совлада Стефанос Циципас со 3:0 во сетови, а иако поминаа два дена од завршниот меч во Мелбурн, дури сега посебно вирално стана едно видео на социјалните мрежи.

Во телевизискиот пренос, фановите можеа да видат како Новак гестикулира кон својата глава и срцето по последниот поен освоен против Циципас, но всушност имало и трета реакција која сега стана достапна за сите.

Покрај главата и срцето, Ноле гестикулирал и кон меѓуножјето, порачувајќи дека има доволно големи мадиња за да излезе како победник после сето она што го доживеа во Австралија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни