Поврзете се со нас

Германија

Момците на Чаби итаат кон титула: Леверкузен лесно го освои и Келн, предноста е веќе двоцифрена (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/bayer04fussball

Баер Леверкузен е на добар пат да ја прекине 11-годишната доминација на Баерн Минхен во германскиот фудбал, но што е уште поважно, да стигне до прва титула во Бунеслигата во својата историја.

Поради петте неуспешни обиди да стигне до најпосакуваниот трофеј во домашното првенство, Леверкузен во минатото го доби и прекарот „Невер-кузен“, но се чини дека овој мит е многу блиску до уривање, пред се благодарение на Чаби Алонсо.

Шпанскиот стручњак состави неверојатен тим кој игра страшно добар фудбал, а тоа беше потврдено и на денешното гостување во Келн каде „фармацевтите“ славеа со 0:2.

Откако го добија Баерн со брутална игра во дербито, Леверкузен дочека уште неколку кикса на „баварците“, па со оваа победа денеска првпат отиде на двоцифрена предност.

Баер сега има точно 10 бода повеќе од Баерн на десет кола пред крајот, па навистина треба да се случи чудо за титулата да не заврши на „БајАрена“. Што се однесува до денешниот меч, Келн остана со играч помалку поради црвениот картон на Тилман уште во раната фаза, а тоа му овозможи на Леверкузен да оствари рутинска победа со головите на Фримпонг и Грималдо.

Головите погледнете ги ТУКА

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни