Момчето што ја откри измамата на Сити во моментов е во затвор во Португалија (Фото)

pinto

Португалскиот хакер на „Football Leaks“, Руи Пинто е човекот кој ја откри на јавноста целата матна зделка во раководните структури на Манчестер Сити.

Пинто го хакирал клупскиот „мејл“ на Манчестер Сити во 2015 година, а откако ги собрал сите докази ги објавил на интернет по што УЕФА започна и официјална истрага против англискиот клуб која вчера резултираше со казна по која Сити нема да може да игра на натпреварите организирани од УЕФА во следните две години.

Инаку, Пинто, кој е славен од многумина фудбалски фанови, во моментов се наоѓа во затвор во Португалија и го чека судењето за 90 различни тужби кои се стигнати на негова адреса.

Facebook Коментари