Поврзете се со нас

Европски првенства

Молк на Зеница: Јаремчук и Довбик во три минути ги шокираа Босанците (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/uafukraine

Бараж полуфиналињата за пласман на Европското првенство донесоа необично атрактивен и офанзивен фудбал, а со таков пристап видовме по четири гола во просек на петте натпревари кои беа одиграни во вечерниот термин.

По победата на Грузија и пласманот во финалето на баражот за континенталниот собир, потребно беше да ги дознаеме уште петте патници на завршните мечеви, а тоа се селекциите на Грција, Исланд, Полска, Велс и Украина.

На четири од петте меча немаше резултатска неизвесност и Грција, Исланд, Полска и Велс остварија убедливи победи, па убедливо најнеизвесно беше на Зеница.

Босна имаше водство од стартот на вториот дел со автоголот на Матвиенко, но Украинците успеаја да пронајдат сили за пресврт и на крајот покажаа дека се поквалитетна репрезентација.

Напаѓачите Јаремчук и Довбик погодија во период од 85-та до 88-та минута и се погрижија за целосен пресврт, а со тоа ги замолкнаа и ги шокираа домашните навивачи на трибините.

На останатите средби, Грција го декласираше Казахстан со 5:0 и закажа бараж финале со Грузија, Исланд го надигра Израел со 4:1 и ќе игра против Украина, додека Велс беше подобар од Финска со 4:1 и во финалето ќе ги одмери силите со Полска која вечерва ја торпедираше Естонија со 5:1.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни