Поврзете се со нас

Свет

Мол Фехервар креира македонски тандем во одбраната: Серафимов и Велковски на радарот на клубот

Објавено

на

Еден од најпознатите унгарски клубови, Мол Фехервар сериозно запнал за ангажман на двајца македонски репрезентативци.

Според медиумите во Унгарија, Фехервар веќе го договорил ангажманот на Никола Серафимов, 22 годишниот дефанзивец кој досега го носеше дресот на Залаегерсег.

Трансферот бил договорен во текот на вчерашниот ден и сега се чека само официјализација на истиот, а во меѓувреме од клубот ќе работат на ангажман и на Дарко Велковски кој во моментов е слободен агент.

27 годишниот фудбалер има бројни понуди од клубови од Европа, па некогашниот Видеотон ќе има голема конкуренција за неговиот потпис и нема туку така да го обезбеди овој играч.

Освен Велковски, Фехервар ја следи ситуацијата и со Александар Јовиќ од Горица, фудбалер кој ќе се обидат да го ангажираат доколку не стигнат до потписот на Даре Велковски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни